Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, изјави дека Томас Тукел најверојатно ќе го предводи ПСЖ.

Изминатиот период Тухел беше претставуван како главен претендент за тренерската позиција во Баерн, но минатата недела беше објавено дека Баварците го одбрале Нико Ковач за наследник на сегашниот тренер Јуп Хајнкес.

-Тухел речиси сигурно ќе го предводи ПСЖ, рече Румениге во интервју за „ЗДФ“.

Во моментов тренер на ПСЖ е Унаи Емери кој успеа да ја врати шампионската титула од Лига 1 во Париз, но не ги исполни очекувањата во Лигата на шампионите со раната елиминација уште во осминафиналната фаза.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2018 19:03