Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ќе добие 250 милиони фунти за летна селекција, објавија локалните медиуми.

Раководството на „црвените“ сака Клоп да изгради конкурентен состав, кој ќе се бори со Манчестер Сити за титулата во следната сезона.

Трансфер цел број 1 за тимот до „Енфилд“ е офанзивниот играч од средниот ред Тома Лемар од Монако. Дваесет и шест-годишниот Лемар, кој има три гола и осум асистенции во 33 натпревари оваа сезона за францускиот клуб, е поврзуван за заменик плејмејкерот Филипе Кутињо, кој беше продаден на Барселона во зима.

Дефанзивниот играч од средниот ред, Емре Чан речиси сигурно го напушта „Енфилд“ на слободен трансфер во текот на летото, а Клоп го идентификувал Жоржињо од Наполи за неговиот пост. Дваесет и шестгодишниот Бразилец има четири гола и четири асистенции на 34 натпревари за италијанскиот клуб во текот на сезоната. Тој се проценува на 50 милиони фунти.

Ливерпул има одлична сезона, откако стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите и се бори за второто место со Манчестер Јунајтед во англиското првенство.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2018 19:25