Големо изненадување се случи во изборот за најубав гол во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампион. Гласачите на сајтот на УЕФА го избраа погодокот на Мохамед Слах од Ливерпул на средбата со Манчестер за најубав пред „ремек делото“ на Кристијано Роналдо кој со ножички го совлада Буфон.
За погодокот на Салах постигнат на реванш со Сити гласаа 39%, додека Роналдо собраа само 30%.
На трето место со 14% од гласовите е погодокот на Алекс Окслејд-Чембрлен на првата средба меѓу тимот на Ливерпул и Манчестер Сити.
Четврти со 10% е голот на Марио Манџукиќ од Јувентус за 1:0 при гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“.
Во ТОП 5 место има и за Луис Суарез со голот против Рома кој доби 8% од гласовите.