Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри изјави дека е задоволен што во дербито со Наполи ќе влезе со четири бода предност, иако разликата можеше да биде и шест бода, доколку не се случеше „киксот“ синоќа на гостувањето кај Кротоне (1:1).

- Ќе бев пресреќен ако пред еден и пол месец знаев дека ќе направиме плус 4 во однос на Наполи. Можеше да биде и подобро, но на средбата со Кротоне не одигравме како што треба. Му дозволивме на противникот многу противнапади и акции пред нашиот гол. Не го задржавме водството. Сега се насочуваме кон Наполи. Евентуална победа на тој натпревар би значел голем чекор кон титулата. Тоа ќе биде големо дерби на кое ќе мора добро да отвориме, изјави Алегри.

На пет рунди до крајот на сезоната во Серија А Јувентус е лидер со 85 бода, Наполи е втор со 81 и тоа се двете екипи кои се со шанси да го освојат шампионскиот трофеј.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2018 09:05