Фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње е задоволен од победата над Удинезе (4:2) по која е намалена разликата на лидерот Јувентус на четири бода.

Овие две екипи ќе се сретнат во следната рунда, во меч кој може да го реши првенството.

- Добро е што стигнавме до Јувентус на четири бода, но се уште не сме направиле многу. Се радуваме на овој успех, ама и почнеме да се подготвуваме за дербито со Јувентус. Овој натпревар може и да биде одлучувачки во борбата за шампионатот.

Наполи е втор во Серија А со четири бода заостанување зад лидерот Јувентус.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2018 09:07