Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа, кој вчера за првпат ја носеше капитенската лента на тимот од „Олд Трафорд“ постигна личен рекорд.
На синоќешниот дуел против Борнемут, Шпанецот го зачува голот и тоа за него беше 21-ва „чиста мрежа“ од почетокот на сезоната, што е негов најдобар резултат откако игра за Јунајтед.
Во Премиер лигата Де Геа веќе има 17 натпревари, во кои не е совладан оваа сезона, три повеќе од голманот на Манчестер Сити, Едерсон, кој е втор.
Со добрите одбрани Де Геа се најде во идеалниот тим на сезоната во Премиер лигата, избран од страна на Здружението на професионални фудбалери во Англија. Тој е и меѓу номинираните за играч на сезоната