Тренерот на Наполи, Маурицио Сари, по синоќешниот триумф над Јувентус (1:0) во дербито од 34. круг од Италијанскиот фудбалски шампионат, рече дека тимот не покажа идеална игра.
- Ние не покажавме совршената игра. Неопходно беше малку порано да дојдеме до резултат со цел порано да ја обезбедиме победата. Бевме супериорни на физички план. Го контролиравме текот на играта. Нашата победа е логичен резултат, изјави Сари.
Сепак, предводникот на Наполи, најмногу шанси за освојување на титулата му дава на Јувентус.
- Мило ми е што победивме, но ништо не е променето. Јувентус се уште е на пол-позицијата. Ние се вративме во комбинација и ќе чекаме шанса од втор план, додаде Сари.
На четири рунди до крајот на Серија А, Јувентус е прв со 85 бода, еден повеќе од второпласираниот Наполи.