Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри изјави дека неговиот тим на синоќешното дерби со Наполи го одиграл еден од најслабите натпревари во тековната сезона.

- Ова беше ужасен натпревар за двете екипи. Речиси да немаше удари кон двата гола. Имавме некои проблеми во текот на средбата, а на крајот дозволивме да ни дадат гол од прекин. Сега имаме ден за одмор, а потоа започнуваме да се подготвуваме за натпреварот со Интер, кој навистина може да ја реши сезоната. Се уште сме на врвот и имаме предност. Четири натпревари ни остануваат - два како домаќини, а два како гостин. Ќе видиме што ќе се случи. Наполи заслужува пофалба за оваа победа, иако немаше многу убавина ниту во нивната игра. Добро е што имаме предност во вкупната гол-разликата, бидејќи во директните натпревари односите се еднакви, рече Алегри.

По триумфот над Јувентус, Наполи дојде на минус еден од лидерот по што се очекува „мртва“ трка за шампионскиот трофеј во преостанатите четири рунди до крајот на Серија А.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2018 08:41