Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека него напушти клубот заради умор, туку причината се навивачите.

Венгер кој изминатите 22 години беше предводник на „топчиите“ од Лондон, по завршувањето на сезоната го напушта клубот.

- Не, не си заминувам, бидејќи сум уморен. Овој клуб се почитува низ целиот свет, не само во Англија. Нашите навивачи не се претставија во светот како обединети. Ме болеше да ги гледам разединети, изјави францускиот стручњак.

Венгер додаде дека ги разбира фрустрациите на фановите на Арсенал и дека не им е лут за нетрпеливоста што ја искажаа кон него изминатите две сезони.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2018 10:36