Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах ја освои наградата за најдобар играч сезонава во Англија, но менаџерот на новиот шампионот Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е убеден дека тоа не е коректен избор.

Според шпанскиот стручњак победникот во анкетата на Здружението на професионални фудбалери требаше да биде неговиот играч Кевин де Бруин.

- Од моја гледна точка, кога ги анализираш изминатите десет месеци, нема подобар од Кевин во однос на константноста. Може да има други играчи со подобри показатели од него, но ако се гледа како целина првенството, нема подобар од него. За мене Де Бруин е број 1. Сакав да победи, но сепак на крајот тој ќе се врати дома како шампион, истакна Гвардиола.

Белгискиот репрезентативец се најде на второто место во изборот, а веднаш по него беа поставени уште двајца играчи на Сити - Давид Силва и Лирој Сане.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2018 12:27