Грчкиот фудбалски клуб АЕК и официјално е прогласен за шампион на Грција.

Апелационата комисија при локалната фудбалска централа ја отфрли жалбата на ПАОК, на кого му беа одземени три поени и донесе одлука за службена победа за тимот од Атина, поради инцидентот за време на натпреварот со АЕК, кога претседателот на „црно-белите“ - Иван Савидис упадна со пиштол на теренот. Првенството беше прекинато на три недели по инцидентот.

По победата над Левадијакос со 2:0, тимот од грчкиот главен град е лидер со 66 поени на два круга пред крајот на сезоната е недостижен на врвот.

ПАОК (Солун) останува на второ место со 58 поени.

На 12 мај ќе се одржи финалето од Купот помеѓу АЕК и ПАОК, очекувано со огромен интерес од навивачите на фудбалот.

За тимот од Атина ова е прва титула по 24-годишна пауза.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2018 19:46