Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди го одигра полувремето од соништата во вчерашниот натпревар на неговиот Леванте на гости кај Атлетико Билбао, откако постигна два погодока во финишот од првото полувреме и тоа во рок од само – две минути.

За да славјето и радоста биде поголема, Барди, двата гола ги постина од слободен удар, што во оваа сезона не им успеа ниту на Меси ниту на Роналдо, да постигнат два гола од слободен удар во еден натпревар.

Со денешните два гола, Барди оваа сезона постигна шест гола, од кои дури четири се од слободен удар. Според бројот на голови од слободен удар, пред него е само Лионел Меси, кој постигна шест, но Аргентинецот за тоа искористил дури 46 удари, за разлика од Барди, на кого за четири гола му требааа само 15 удари.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2018 23:22