Горан Пандев од клупата влезе во 81. минута на натпреварот помеѓу Џенова и Верона и одговори со гол во 92. минута за потврда на победата на „Грифоне“ од 3:1. Покрај тоа што и практично Џенова ја избегна црвената зона за испаѓање, Гранде Пандев постигна фанстастичен гол.

На „Луиџи Ферарис“, домаќините поведоа уште во седмата минута преку Медеирос, но Хелас израмни во 64. минута со гол од пенал (Ромуло). Во 78. минута Даниеле Беса пак ја донесе Џенова во предност, пред Пандев да стави печат на натпреварот со кој се поизлегдни се шансите Верона да се пресели во Италијанската Серија Б.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2018 23:33