Управата на италијанскиот шампион Јувентус не размислува да го врати на тренерското кормило поранешниот тренер на тимот Антонио Конте во случај Масимилијано Алегри да си замине по завршувањето на сезоната.

Самиот Конте, кој е пред отказ во Челзи, пројавувал интерес за тренерската позиција на „старата дама“, но раководните луѓе на клубот од Торино не сакаат да го вратат 48-годишниот стручњак.

Италијанските медиуми објавија дека во најтесен круг за евентуални наследници на Алегри е и тренерот на Спартак Москва, Масимо Карера, кој беше дел од екипата на Конте во Јувентус.

Како активен играч, Карера играше за Јувентус од 1991-1996 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2018 08:36