Фудбалерот на Арсенал, Гранит Џака изјави дека тимот сака да го освои трофејот во Лига Европа како подарок за Арсен Венгер кој на крајот на сезоната ќе си замине од „Емирати“.

68-годишниот тренер по 22 години поминати во Арсенал ќе го напушти клубот, а причината се навивачите кои последните неколку сезони искажуваа незадоволство од резултати.

- Ни останавме само еден месец со него, и ние сакаме да му подариме трофеј на крајот. Ќе играме за него. Сакаме да ја освоиме Лига Европа. Венгер е легенда за клубот. Сите знаат што постигна за 22 години во Арсенал, изјави Џака.

Првиот натпревар од полуфиналната пресметка во Лига Европа меѓу Арсенал и Атлетико е закажан за четврток (26 април).



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2018 09:04