Карло Анчелоти одржал состанок со водечките луѓе на Фудбалскиот сојуз на Италија по што е пред промоција за нов селектор на „азурите“.

Како што јави „Скај Спорт“ останува да се договорат само детали и Анчелоти ќе биде поставен на селекторската функција.

Се очекува најдоцна до 20 мај Италија да го добие својот нов предводник.

Италијанскиот сојуз е подготвен на Анчелоти да му понуди пет милиони евра годишна плата.

Италија е без тренер откако си замина Џанпјетро Вентура поради елиминацијата од Шведска во баражот за Светското првенство 2018. Репрезентацијата привремено ја води Луиџи Ди Бјаџо.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2018 09:18