Фантастичен натпревар на Енфилд роуд одиграа фудбалерите на Ливерпул под водство на Јирген Клоп во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Потопот на волчицата започна уште во првото полувреме со двата прекрасни гола на Мохамед Салах. Иако за првиот гол се чекаше до 36-тата минута, сепак вредеше, бидејќи најдобриот играч на Премиер лигата за оваа сезона Мо Салах со шут од 15-тина метри постигна фантастичен гол во горниот десен агол. Во продолжението на првото полувреме повторно во главна улога беше Салах, кога во негови стил со мал лоб на голманот ја зголеми предноста на 2:0.

Во вториот дел, „редсите“ стартуваа како од соништата и за само 15-тина минути го дуплираа водството на 4:0. Асистенцијата на Салах, ја искористи Мане во 56-тата минута за 3:0 а на втората асистенција на Мо, на 4:0 зголеми Фирмињо.

Фирмињо се најде на вистинското место во 69-тата минута и по корнерот на Милнер зголеми на 5:0.

По малото опуштање на Ливерпул, Един Џеко го намали резултатот на 5:1 со гол во 81-тата минута а Диего Пероти стрелаше прецизно за Рома од пенал во 85-тата минута од натпреварот со што го постави и конечниот резултат на натпреварот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2018 20:39