53-годишен маж е во критична состојба откако беше нападнат во инцидентите кои се случија пред почетокот на полуфиналниот натпревар помеѓу Ливерпул и Рома во Лигата на шампионите.

Како што соопшти полицијата во Мерсисајд, 53 годишниот најверојатно навивач на Ливерпул бил нападнат од две машки лица на возраст од 25 и 26 години, кои дошле од Рим со навивачката група на Рома, кои подоцна се уапсени под сомнение дека сакале да извршат обид за убиство.

Со свое официјално соопштение излезе и управата на Ливерпул во кое се наведени дека се шокирани и згрозени од нередите предизвикани од навивачите на Римската волчица и дека ќе му пружат и морална и материјална поддршка на повредениот навивач.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2018 02:29