Директорот на Рома, Рамон Родригез Мончи, не го криеше своето разочарување по убедливиот пораз од Ливерпул и додаде дека Мохамед Салах кој беше најдобар играч на натпреварот морал да биде продаден.
Минатото лето Египќанецот од Рома отиде во Ливерпул за 42 милиони долари, а во англискиот тим игра одлична сезона со 43 постигнати гола, од кои последните два во мрежата на римјаните.
- Салах мораше да го продадеме. Немавме друг избор, бидејќи моравме да го исполниме финансискиот фер-плеј. Немавме друг избор, бидејќи и тој сакаше да си замине. Што се однесува до резултатот, ќе кажам дека многу не боли. Бевме мртви, но тие не вратија и сега повторно ќе се обидеме да направиме подвиг, рече Мончи.
Рома синоќа загуби од Ливерпул со 5:2 во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите.