Играчот на Работнички, петар Петковски посакува победа над Вардар во денешното соседско дерби во рамките на 30.коло од Првата македонска фудбалска лига.
Младинскиот македонски репрезентативец вели дека максимално мотивирано ќе влезат на дуелот со реномираниот противник.
- Дерби натпреварите меѓу Работнички и Вардар секогаш носат дополнителна возбуда. Не е важна моментната форма, мотивите се секогаш максимални. Вардар е најголемиот бренд во македонскиот фудбал, но и затоа сите други имаат најголеми мотиви да го победат. Сега сум член на Работнички и секако дека ќе дадам се од себе да оствариме позитивен резултат, изјави поранешниот вардарец за клупскиот сајт на „романтичарите“.
Според него освојувањето на трите бода му се многу потребни на Работнички во трката за излез на европска сцена.
Натпреварот меѓу Вардар и Работнички почнува во 15 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.