Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес не може да се помири со поразот (1:2) од Реал синоќа на домашен терен во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Предводникот на Баерн стравува и поради повредите на тројцата стандардни првотимци, Робен, Боатенг и Мартинез.
- Во чуден меч им дозволивме без игра да ни дадат два гола и да не победат. Покрај поразот ни се повредија и неколку клучни играчи за кои неизвесно е дали ќе играат на реваншот. Се надевам дека повредите не се сериозни но големи се шансите Робен, Боатенг и Мартинез да го пропуштат возвратниот меч, рече Хајнкес.
Реваншот во Мадрид е закажан за 1 мај.