Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне изјави дека чувствува огромен респект кон менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.

Натпреварот на двете екипи вечер во полуфиналето од Лигата на Европа, ќе биде последен на „Емирати“ за Венгер во евро-куповите како менаџер на Арсенал.

- Восхит. Ова е првиот збор што ми паѓа на памет кога зборуваме за Венгер. Тој сам се изгради како еден од најуспешните тренери. Јас сум релативно млад во професијата и сакам да учам од него, изјави Симеоне.

За вечерашниот дуел (почеток 21:05 часот) Симеоне посакува храбра игра и остварување резултат кој ќе го остави Атлетико во игра за финалето.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 11:23