Сопственикот на лондонски Фулам, американскиот милијардер со пакистанско потекло, Шахид Кан му понуди на Фудбалскиот сојуз на Англија 800 милиони фунти (916 милиони евра) за купување на „Вембли“.

Најголемиот англиски стадион е дом на репрезентацијата на Англија и привремено на Тотенхем.

УО на ФА потврди дека ја добиле понудата.

ФА го изгради новиот Вембли со капацитет од 90.000 места врз стариот во 2007 година. За изградбата беа потрошени 757 милиони фунти.

Доколку Кан стане сопственик, Вембли и понатаму ќе биде дом на репезентацијата на Англија, за натпреварите од финалето на ФА купот, плеј-оф за пласмани во повисок ранг на англискиот фудбал како и финалето на англиската рагби лига. Сопственикот би ги добил спонзорски права.

Освен на Фулам, Кан е сопственик и на франшизата на Џексонвил Јагуарс (НФЛ). Неговото богатсгво се проценува на околу 5,5 милијарди фунти.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 14:00