По седум години поминати во Баерн Минхен, Џером Боатенг јасно стави до знаење дека сака да го напушти клубот.

- Постигнав сè со Баерн. И полека доаѓам до точка каде што треба да си дадам одговор на прашањата: „кои цели се уште не сум ги исполнил?“ и „дали сакам да продолжам да се докажувам себеси во истиот тим под исти услови?“. И не станува збор само за мојата кариера како фудбалер, туку за мојот живот како целина. На крајот, тоа се работи кои го движат човек напред, вели дефанзивецот во интервју за германското списание „Сократ“.

Боатенг, кој ќе полни 30 години во септември, има шест титули со Баерн во Бундеслигата, една во Лигата на шампионите и три германски купови.

Тој во неколку наврати изјави дека се восхитува на животот во САД и еден ден ќе живеел таму. Често за време на одморите, искусниот дефанзивец го минува своето време преку океанот.

Инаку вчера, Боатенг доби повреда на мускулот на левиот бут, по која можеби нема да игра повеќе до крајот на сезоната.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 14:25