Турската фудбалска федерација денеска и официјално ја поднесе до УЕФА својата апликација за добивање на организацијата на Европското првенство во 2024 година.

- Нашата федерација, која аплицира четврти пат по ред, го подготви своето најдобро досие во историјата и обезбеди невидена државна поддршка. Ние ги имаме сите гаранции без никакви ограничувања. Вклучувајќи и голем број дополнителни и иновативни гаранции кои ќе обезбедат финансиски успех на турнирот и на тој начин ќе имаат корист сите национални асоцијации на УЕФА. Дојде нашето време, изјави претседателот на турската федерација Јилдирим Демиререн.

Претходно, апликација до УЕФА за домаќин на ЕУРО 2024 поднесе и Германската фудбалска федерација.

УЕФА во наредните недели ќе почне да ги оценува апликациите, а до септември 2018 ќе подготви и објави извештај за евалуација за секој кандидат.

Земјата домаќин ЕП 2024 ќе биде избрана на 27 септември со гласање на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Нион.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 16:50