Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена истрага против Баерн Минхен поради влегувањето на теренот на навивачи по завршувањето на натпреварот со Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Германските навивачи се симнаа на „Алијанц Арена“ кога судијата означи крај. Дел од нив сака селфи со некои од фудбалерите, а дел посегнаа по дресовите на своите миленици.

Баерн го очекува казна, исто како и за транспарентот со навредлива содржина поставен на трибините.

Конечната одлука за казната УЕФА ќе ја донесе на 31 мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 16:58