Луис Енрике ќе објави во кој клуб ќе работи во следните денови, а во моментот изгледа поблиску до Челзи, отколку до Арсенал, соопштува шпански „Спорт“.

Поранешниот тренер на Барселона од прва рака се запознал со проектот, кој може да го развие на „Стемфорд Бриџ“. Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович го очекува конечниот одговор од Луис Енрике, кој се споменува за заменик на Антонио Конте. Шпанскиот стручњак е поблиску до Челзи, отколку до Арсенал, иако за сега нема ништо потпишано и претстојат завршни преговори за неговиот договор.

Идејата на Луис Енрике е да преземе тим кој има проект со можности и долгорочно, се чини дека Челзи има предност во овој поглед.

Претставниците на Челзи се сретнале со Луис Енрике. Тренерот сакал да се запознае со предностите и недостатоците на проектот на клубот, додаваат од изданието. Јасно е дека на Челзи му треба големо име за раководното место да го спроведе своето реструктуирање. Во исто време, Луис Енрике сака да знае дали ќе има ресурси за да се натпреварува со големите европски тимови.

Сега пред Луис Енрике стои дилемата дали да се врати на чело на некој од тимовите од кои има предлози или ќе помине уште една година одмор. Арсенал исто така е една од можните дестинации за Луис Енрике, но во оваа фаза се чини дека неговите шанси за наследник на Арсен Венгер не се големи.

Резервната варијанта на Челзи за наследник на Антонио Конте е актуелниот тренер на Наполи, Маурицио Сари, но Луис Енрике е фаворит на сопственикот на клубот од Лондон, Роман Абрамович.

Челзи е решен да го прекине договорот на Антонио Конте предвреме и тие ќе мора да му платат надомест од 10 милиони фунти.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 18:43