Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изрази разочарување од ремито дома 1:1 против Атлетико Мадрид во првото полуфинале на Лига Европа, но остана оптимист за шансите на „топџиите“ да стигне до финалето во Лион.

Во поголемиот дел од натпреварот, Атлетико играше со фудбалер помалку, откако Вршаљко беше избркан поради два жолти картони.

- Ако го погледнеме целокупното претставување и начинот на кој се разви натпреварот, тогаш ова е најлошиот можен резултат. Сепак, треба да одиме во Мадрид со позитивен став и да се пласираме во финалето, изјави Венгер по мечот.

Французинот смета дека неговиот тим мора да се поврати од големото разочарување и да се подготви за следниот натпревар.

- Тоа беше една прекрасна можност која пропуштивме. Можеше да се пласираме уште денес (вчера), но тоа не се случи. Нивниот голман направи многу одбрани, а во исто време покажаа класа дека можат да постигнат гол по една единствена шанса, додаде Венгер.

Реваншот во Мадрид е на 3 март.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2018 08:22