Халфот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба смета дека неговото претставување се оценува по многу различни критериуми отколку она на останатите играчи од средниот ред во Премиер лигата.
Французинот признава дека од него секогаш се очекува да постигне гол и асистенции, што не одговара на неговата улога на теренот.
- Мене не ме оценуваат како дел од средниот ред, туку врз основа на моите голови и асистенции. Можам да одиграм исклучителен натпревар, но ако не постигнам гол или не направам асистенција, ќе кажат дека претставувањето ми било „нормално“. Ако некој друг сепак одигра таков дуел, тогаш е различно. Тогаш тој најверојатно ќе биде играч на натпреварот. Мислам дека ме ценат поинаку, но тоа е добро. Тоа е предизвик за мене и ме тера да се развивам. Не го прифаќам како лоша работа, ќе се обидам да постигнувам голови и да правам асистенции, изјави најскапиот играч во историјата на Јунајтед.
Погба има шест гола и 11 асистенции од почетокот на сезоната.