Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман уште еднаш посочи дека неговата иднина на „Ванда Метрополитано“ не е сигурна.
Медиумите во Шпанија упорно го праќаат францускиот голгетер во Барселона. Синоќа стрелецот постигна вреден погодок против Арсенал за ремито 1:1 во првиот полуфинален судир во Лига Европа.
- Сите во овој тим сме важни, ние сме една целина. Амбициозен сум и тоа се гледа на теренот. Среќен сум и тоа е најважно. Не знам дали ќе останам и следната сезона. Зборуваме со клубот и ќе видиме што може да се направи, изјави напаѓачот пред „Беин Спортс“.