Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Стивен Џерард добил понуда да стане менаџер на Глазгов Ренџерс.

Пред шест години, шкотскиот гигант беше исфрлен во четвртата лига поради акумулирани долгови, пред две години успеа да се врати во елитата, но сепак не успева сериозно да им се закани на неговите најголеми ривали.

Актуелниот менаџер Грим Марти не направи исчекор, па Ренџерс бара ново долгорочно решение.

Прв избор е Стивен Џерард. Легендарниот играч на Ливерпул сé уште не ја прифатил понудата, бидејќи не е сигурен дали шкотскиот клуб е вистинскиот избор за започнување на тренерската кариера.

Познатиот шкотски клуб е 54-кратен шампион во Шкотска, 33 пати го освоил Купот и 27 пати Лига Купот. Во своите витрини има трофеј од КПК (1971) а беше финалист на Купот на УЕФА во 2008 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2018 10:26