Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон изјави дека неговата екипа мора да ја одржува предноста, ако сака да го зачува првото место на табелата во Серија А.
- Фрливме пет важни бодови на последните натпревари. Се уште сме на првото место, но со предност од само еден бод. Наша цел и должност е да ја зачуваме предноста до крајот на сезоната, истакна искусниот голман.
По гласините дека тој имал конфликт со некои од соиграчите по минатонеделниот пораз од Наполи, Буфон го демантираше тоа и нагласи дека некој сака да внесе раздор во екипата.
- Тоа се обиди да се дестабилизира заедништвото на екипата. Никој 17 години, колку што сум јас во Јувентус, не вперил прст во соиграч или пак го обвинил за пораз и тоа никогаш нема да се случи додека сум јас капитен на оваа екипа, потенцира Буфон.
Според него секој следен натпревар е одлучувачки и така треба да се пристапува кон сите противници.