Атлетико Мадрид сака во своите редови да го донесе фудбалерот на Пари Сен Жермен, Јури Берчиче.

Дефанзивецот за ПСЖ постигна два гола и асистираше петпати на 29 натпревари, откако минатото лето се пресели во француската престолнина.

За Берчиче е заинтересиран уште еден Атлетико, тој од Билбао, но на овој клуб проблем му претставуваат 30 милиони евра, колку што изнесува обесштетувањето на фудбалерот.

Од друга страна, сумата за обесштетување не е спорна за Атлетико Мадрид, кој освен во Примера се натпреварува и во Лига Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2018 19:01