Веста дека Андрес Иниеста по 22 години ќе ја напушти Барселона предизвика мноштво коментари, па на таа тема се јави и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

- Иниеста? Кога говориме за него, не говориме за Реал Мадрид или за Барселона, туку за одличен поединец, кој се наоѓа надвор од какви било приказни за ривалство. Сметам дека не требаше да го напушти клубот без освоена Златна топка, истакна тренерот на најголемиот ривал на каталонскиот клуб.

Иниеста следниот месец ќе наполни 34 години и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Кина.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2018 19:11