Стивен Џерард, легендарниот капитен на Ливерпул, е едно од имињата кое се наоѓа на скратениот список со кандидати за наследник на Грејем Мурти на клупата на Глазгов ренџерс.
Џерард, кој моментно е тренер во академијата на Ливерпул, е еден од главните кандидати да биде нов менаџер на Ренџерс. Грејем Мурти на местото менаџер на клубот од Глазгов беше поставен во октомври минатата година, кога беше сменет Педро Каишиња, но неговиот ангажман беше договорен само до крајот на сезоната.
Стивен Џерард од 1998 до 2015 година беше неизоставен дел од Ливерпул, а последната сезона ја одигра во дресот на Лос Анџелес лејкерс.
На легендарниот Стиви Џи пред две години му беше понудено да биде менаџер и на МК Донс, но тој го одби тоа.