Екипата на Сент Етјен продолжи со добри игри во Лига 1 зголемувајќи ја низата од 13 натпревари без пораз.

Во натпревар од 35. коло на шампионатот на Франција, Сент Етјен синоќа на гостински терен го совлада Монпеље со резултат 1:0 со погодокот на Ромен Амоум.

„Зелените“ по осумте победи и пет нерешени резултати на последните 13 дуели се искачија на 5. место.

Од друга страна, Монпеље е веќе четири рунди без триумф и се наоѓа на 8. место.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2018 01:29