Менаџерот на Њукасл, Рафаел Бенитез, започна разговори со премиерлигашот за продолжување на соработката и рече дека следната недела ќе се одржат нови средби со раководните луѓе.
Шпанецот кој го презема Њукасл во 2016 година, има уште една година од неговиот сегашен договор.
- Разговарав со управата и повторно ќе разговараме следната недела. Добро е ако нештата бидат брзо решени. Не сакам да зборувам за моите амбиции, рече Бенитез.
Њукасл попладнево од 16 часот игра со ВБА и со евентуален триумф над последно пласираниот тим ќе се зацврсти на средината на табелата во Премиер лигата.