Винченцо Монтела повеќе не е тренер на Севиља, откако раководството на клубот реши да ја прекина соработка со него поради слаби резултати.

Отказот за Монтела е по само четири месеци поминати на тренерскот место во Севиља, а доаѓа по вчерашниот пораз од Леванте, екипа која се бори за опстанок во Ла Лига.

Италијанецот сезоната ја почна во Милан, но и од таму беше отпуштен.

Наследник на Монтела на тренерската функција во Севиља ќе биде 62-годишниот Хоакин Капарос.

Тој во текот на својата кариера беше предводник и на друиги шпански екипи: Виљареал, Ла Коруња, Атлетик Билбао, Мајорка, Леванте, Гранада, Осасуна.

За него ова е враќање во Севиља каде работеше во периодот 2000-2005 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2018 02:45