Бразилскиот фудбалер Роберто Фирмино го продолжи договорот со Ливерпул до 2023 година, потврди премиерлигашот преку својата веб-страницата.
Како што е наведено, бразилскиот напаѓач, на кој претходниот договор истекуваше во 2020 година, ќе заработува повеќе од 200.000 евра неделно.
Фирмино пристигна во Ливерпул во јули 2015 година од Хофенхајм, а оваа сезона постигна 27 гола во сите натпреварувања за „црвените“
Претходно играше за неколку бразилски клубови, а има и 18 настапи за репрезентацијата и постигнато пет гола.