Помошник менаџерот на Ливерпул, Жељко Бувач ја напушти клупата на „црвените“. Србинот нема да биде на клупата на тимот од „Енфилд“ до крајот на сезоната, соопштија од клубот.

Британските медиуми објавија дека дошло до кавга меѓу менаџерот Јирген Клоп и Бувач и дека недоразбирањата траат подолг период. Во Англија се шпекулира дека Србинот веќе не бил вклучен во тактичките решенија на тимот и дека двајцате пријатели не зборувале.

Тие навистина не комуницираа за време на натпреварот со Стоук, но се прегрнаа на крајот на натпреварот, иако Бувач изгледаше доста незаинтересирано.

Ливерпул објави дека ќе ја почитува приватноста на тренерот, дека тој останува во клубот, но нема да биде вклучен во првиот тим до крајот на сезоната.

Уште еден човек од доверба на Јирген Клоп, Питер Кравиц ќе ја преземе улогата на помошник тренер.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2018 10:06