Роберто Манчини постигнал договор со челниците од Фудбалската асоцијација на Италија и официјално ќе биде промовиран во селектор по завршувањето на сезоната, објавија италијански медиуми.

Според нив, сегашниот тренер на Зенит ќе ги предводи „азурите“ во следните две години.

Тоа е епилогот на преговорите со Манчини во Рим со потпретседателот на Италијанската фудбалска асоцијација, Алесандро Костакурта и менаџерот на репрезентацијата Габриеле Оријали.

Манчини се согласил на двегодишен договор со плата од четири милиони евра по сезона.

Италијанската репрезентација е без шеф од завршувањрто на квалификациите за Светското првенство кога останаа без пласман на Мундијалот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2018 18:12