Мохамед Салах од Ливерпул беше избран за „Играч на годината“ во изборот на англиската асоцијација на фудбалски новинари.

Ова тело брои повеќе од 400 членови, а египетскиот играч, кој ја игра сезоната на својот живот во Ливерпул и е на прагот од пласман во финалето на Лигата на шампионите, е првиот играч од оваа африканска земја кој ќе ја добие оваа награда.

Стрелецот на 31 гол оваа сезона во 34 натпревари во Премиер лигата заврши пред Кевин Де Бруин и Хари Кејн, откако има одлична шанса да ја освои и „Златната топка“ на крајот од сезоната.

Египќанецот, кој се пресели од Рим во Ливерпул оваа година, неодамна беше прогласен за најдобар играч за оваа сезона во изборот на Здружението на професионални фудбалери.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2018 18:27