Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе призна дека сака да го види во тимот сонародникот Н`голо Канте. Играчот од средниот ред моментно е дел од Челзи.
- Класата на Н`голо Кантe согласно потребите на нашиот клуб. Мислам дека овој фудбалер идеално ќе се вклопи на нашиот тим. Тој е Французин. Потпишувањето со француски играч исто така би било корисно за атрактивноста на нашето првенство. Мислам дека секој Французин ќе биде среќен ако Н`гoло игра во нашата лига, изјави младата ѕвезда.
Самиот Кантe неодамна призна дека се чувствува многу добро во Челзи, но не се знае како ќе му се одрази една солидна понуда и шансата да се врати дома.