Поранешниот спортски директор на Баерн Минхен, Матијас Замер, смета дека баварскиот клуб ќе стигне до финалето на Лигата на шампионите бидејќи сите фактори им одат во прилог.
- Сигурен сум дека Баерн ќе стигне до финалето. Физичката подготвеност, тактичките елементи и психолошкиот фактор се во нивна корист. Но сепак, шансите во нападот ќе мора да ги искористат подобро отколку на првиот натпревар и со малку среќа да не примат гол или да примат само еден. Тогаш се е можно, истакна фудбалскиот стручњак.
Замер, кој во моментов е ангажиран како советник во Борусија од Дортмунд, вели дека „кралскиот“ клуб не е на истото ниво како лани.
- Реал Мадрид е еден голем мит и е во полоша форма од минатата година, потенцира поранешниот функционер на Баерн.
Според Замер, тренерот Јуп Хејнкес го стабилизирал тимот и клубот и во голема мера е заслужен за успехот на Баерн.
Реванш натпреварот од полуфиналето меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен се игра вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, а домаќините ќе ја бранат предноста од 1:2 од првиот натпревар.