Фудбалерот на Реал Мадрид, Хамес Родригез, кој се наоѓа на двегодишна позајмица во Баерн Минхен, пред реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите меѓу двата клуба изјави дека нема негативни чувства кон никого во Мадрид.

Според фудбалерот иако во медиумите се објавувало сешто, сепак се чувствува убаво на „Сантијаго Бернабеу“.

- Убаво е чувството да се вратиш на „Сантијаго Бернабеу“ по една година. Тоа беше мој долгогодишен дом. Не сакам да се одмаздам на никому, само сакам да се изборам со клубoт во кој сега играм до финалето на ЛШ, истакна Родригез чиј договор најверојатно Баерн ќе го откупи од Реал.

Колумбискиот фудбалер наведува дека и покрај бројните гласини нема ништо против тренерот Зинедин Зидан.

- Ништо немам против него. Навистина со никој од клубот не сум во лоши односи. Ако постигнам гол нема да славам од почит кон некогашниот клуб и неговите навивачи, потенцира Родригез.

Фудбалерот во некои претходни интервјуа наведуваше дека од дете е навивач на Реал Мадрид и дека ќе продолжи да навива иако веќе не е дел од шпанскиот клуб.

Реванш натпреварот од полуфиналето меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен се игра вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, а домаќините ќе ја бранат предноста од 1:2 од првиот натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2018 18:34