Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан обезбеди трет последователен пласман во финалето на Лигата на шампионите и на 26 мај во Киев ќе го предводи клубот против победникот од натпреварот помеѓу Ливерпул и Рома.

- По паузата ја подобривме нашата игра. Брзиот гол ни ја врати самодовербата. Реал никогаш не се предава, тоа е во ДНК на клубот. Истото важи и за Баерн. Затоа го сакаме фудбалот. Треба да бидеме среќни што стигнавме до финалето, изјави Зидан по мечот.

Тој го пофали и настапот на двојниот стрелец Карим Бензема и додаде дека и покрај кризата, тој работи многу на тренинзите.

- Тој ни го обезбеди финалето, смета Зидан.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2018 08:31