Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа беше избран за најдобар играч во клубот за оваа сезона. Шпанецот ја доби наградата, именувана по легендата Мет Басби, за рекорден четврти пат. Тој го надмина по овој показател Кристијано Роналдо, со кого досега имаа по три награди. Победникот е определен во анкетата меѓу навивачите на тимот. Тие повторно ги ценеа брилијантните одбрани на Де Хеа за време на сезоната, што доведе до многу вредни поени за „црвените ѓаволи“. Шпанецот доби повеќе гласови од Ромелу Лукаку, Немања Матиќ, Џеси Линггард и Ешли Јанг, кои останаа зад него во рангирањето. - Тешко е да кажам што значи Манчестер Јунајтед за мене. Неверојатно е да се носи дресот на овој клуб поради неговите фанови и поради неговата голема историја. На почетокот беше тешко, но јас верував во себе и продолжив напорно да работам. Сакам да им се заблагодарам на сите. Јас не очекував да освојам ниту една награда, а сега имам четири. Ви благодариме за сè, рече Де Хеа при примање на наградата.