Веќе четири денови италијанската полиција се грижи за безбедноста на фудбалскиот судија Даниеле Орсато, кој имаше несреќа да го суди големото дерби меѓу Интер и Јувентус од 34-то коло во Серија А.

Тимот од Торино победи драматично со 3:2 на „Џузепе Меаца“, откако речиси цел натпревар играа со човек повеќе. Имено црвениот картон на Матијас Весино во 18-та минута беше една од најголемите грешки на Орсато, кој е сурово критикуван од сите локални медиуми и фановите на социјалните мрежи, па дури и од двата клуба, кои го изразија своето незадоволство во писмена форма.

Четириесет и две годишниот Орсато, кој работи и како електричар, вчера призна во интервју дека децата му се многу вознемирени од сето она што се случува, и затоа тој не сака да ги оптоварува дополнително.

Според локалното издание „Кориере дел Венето“ домот на фудбалскиот судија постојано е чуван од полицијата, во случај некој од фановите да одлучи да ги исполни заканите.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2018 09:19