Давид Де Хеа беше избран за најдобар играч на Манчестер Јунајтед за сезоната, но голманот не е првиот избор и на менаџерот Жозе Мурињо за наградата.

Според Мурињо, наградата ја заслужува младиот фудбалер Скот Мектомини. Затоа Мурињо му ја врачи својата награда синоќа за време на церемонијата.

- Сонот на секој млад играч, кој влегол во овој клуб, е да игра за првиот тим. Кога овој сон ќе се исполни, следат повеќе минути на теренот. Лигата на шампионите, националниот тим. Во последните пет-шест месеци има еден фудбалер кој дава се од себе и за мене тоа е Скот Мектомини, изјави Мурињо.

Португалецот додаде дека тој е важен дел од тимот и не можел да дозволи да си замине дома со празни раце.

- Минатата година Матиќ ми кажа дека сака да дојде да игра за мене и за Манчестер Јунајтед. Тоа се случи и тој донесе неверојатна стабилност во тимот, помогна да се најде рамнотежа. Мислам дека не пропуштил натпревар. Но Скот не доби награда, затоа наместо на Матиќ (Србинот доби награда за најубав гол на сезоната - н.з.), му ја давам мојата на него. Тој е важен дел од тимот, не може да замине дома со празни раце, додаде Жозе Мурињо.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2018 10:06