УЕФА определи по 17 илјади билети за двата тима финалисти во Лигата на шампионите.

Финалето е на 26 мај на Олимпискиот стадион во Киев, а вечерва ќе биде познат вториот тим кој ќе се бори за трофејот, откако до 20:45 часот на „Олимпико“ излегуваат Рома и Ливерпул.

Реал Мадрид веќе резервираше место за Киев, па шпанските медиуми се заинтересирале за квотите за влезници и УЕФА веќе ги откри.

Реал може да почне да ги распределува уште денеска.

Стадионот има капацитет од 63.000 места, а во продажба ќе бидат 40.700, додека остатокот одат за официјални гости и спонзори.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2018 10:11